Посна торта - Султанија
Состојки
- 15 лажици вода
- 12 лажици брашно
- 15 лажици гриз
- 200гр. сечкан орев
- 300гр. бело суво грозје
- 5 рендани јаболка
- 1 лајче сода
- 2 кесички ванила
- за Шербет
- 2 шољи вода
- 1 шоља шеќер
Подготовка
Едноставна парена торта, изобилува со сушено грозје, сочна.
Во сад се ставаат водата, шеќерот и гриз, брашно да се измешаат. Во нив се додаваат остатокот од состојките, густата смеса се става во тавче бр.40 (правоаголник) и се остава да стои 1 час. После се остава во рерна на 200 да се печи 40 мин. обавезно прекријте со хартија откако запечи,така нека се допекува.
Настрана се вари шербетот.
Тортата треба да е ладна, а шербетот кој ќе го ставате млак. Најгоре премачкајте танок слој мармалад по избор и додатно сечкани ореви,сладете се.