Рум топчиња
Состојки
- 250гр. мелени ореви
- 250гр. мелени бисквити
- 200гр. шеќер
- 4 лажици рум
- 3 лажици чоколадо во прав
- 150гр. сецкани ореви за декорација
- малку вода (околу 2 лажици)
Подготовка
1. Загрејте го шеќерот со малку вода. Додајте го чоколадото и промешајте, па додајте ги мелените ореви и бисквити. На крај додајте го и румот, убаво измешајте и оставете смесата да се олади.
2. Од смесата направете топчиња. Топчињата извалајте ги во сецканите ореви и редете ги во чинија.
Послужете ги топчињата во корпи од хартија.
Излегуваат околу 35 топчиња.