Пилешка салата со макарони
Состојки
- 2 поголеми пилешки батаци со карабатаци
- 200гр. поситни макарони
- 1 морков
- 1 мала конзерва пченка (260гр.)
- 5-6 кисели краставички
- 200гр. мајонез
- 1 кесичка тартар сос (85гр.)
- по вкус сол и бибер
Подготовка
1. Во еден сад ставете ги месото и морковот, а во друг макароните да се варат. Кога ќе се сварат убаво, исцепкајте го месото на парченца, а морковот ситно исецкајте го.
2. Ставете ги во еден поголем сад, па додадете ја пченката и ренданите краставички, зачинете по вкус и убаво промешајте. Ставете ги мајонезот и тартар сосот, промешајте да се соедини, ставете во кутија со капак па во фрижидер барем 2 часа за убаво да се соединат вкусовите.
Добар апетит =)