Кокосова баклава со два пати варен шербет
Состојки
- 1 кгр. кори
- 500 гр. кокос
- 100 гр. лебни трошки
- 200-250 гр. гриз
- 100 гр. сусам
- 800 мл. зејтин
- За шербет
- околу 2 л. вода
- 1, 1/2 кгр. шеќер
- 1 лимон
Подготовка
Подготовка
- Измешајте ги сите суви состојки
- Се зема поедна кора - се попрскува со малку зејтин, врз неа се става втората кора, се попрскува со зејтин, се посипува врз неа од сувите состојки, врз неа се става третата кора, се попрскува со зејтин, исто така на оваа кора се става од сувите состојки. Се мота во ролат. Се реди во неподмачката тавка.
- Така се постапува со сите кори. Исечете ја вака спреманата баклава на еднакви парчиња.
- Во касерола се става остатокот од зејтинот да се загрее, со лажица внимателно полијте ја целата баклава.
- Печете ја на 200 степени предходно загреана рерна.
Додека се пече спремете го шербетот. Варете го шербетот се додека не стане во една блага густина... (не смее да биде многу густ)
Залијте ја печенета топла баклава со врелиот шербет притоа оставајки 1/3 од истиот кој ќе го вратите повторно на оган. Додадете го сега половина исецканиот на тенки кругови лимон, нека се довари во сега една примерна густина, повторно залијте ја баклава сега со погустиот шербет. Оставете да се лади не покривајки ја.
Напомена
- Попрскувањето на корите со зејтинот е со 1-2 лажици.
- Остатокот од зејтинот треба да ви биде добро загреан ( кога ќе полевате ќе ви се чини дека корите се пржат - да не ве загрижува тоа, така треба да биди)
- Шербетот значи се вари на два пати....