Ќофтиња од рерна - полнети мафини
Состојки
- За овие мошне вкусни ќофтиња, кои уште јас ги нарекувам и полнети мафини од два вида мелено месо, потребно е
- 600гр. телешко мелено месо
- 300гр. пилешко мелено месо (сомелено на машина за мелење месо)
- 1 главица кромид, ситно сецкана
- 1 јајце
- 4-5 супени лажици лебни ронки
- (Од сите наведени зачини додавате по ваша мера.)
- малку прашок за пециво и
- 1 чаша минерална вода
- За полнење на ќофтињата
- 150гр. кајмак
- За обвиткување на истите
- 150гр. ленти сланина, како и
- неколку ленти кашкавал.
Подготовка
1. Во подлабок сад ги соединуваме сите наведени состојки за ќофтињата. Месиме со рака додека добиеме убава, компактна смеса погодна за обликување на топчиња.
2. Со намрсени раце формираме топчиња. Ги расплескуваме на дланка и им ставаме по едно кафено лажиче од кајмакот. Повторно ги обликуваме во топчиња. Ги завиткуваме во лента сланина или кашкавал.
3. Се ставаат во претходно намрсен калап за мафини, со завршетокот на лентите од долната страна. Времетраењето на печењето е 50-60 минути на 200 Ц. степени или во зависност од вашата рерна.(Претходно рерната ја загреваме 5 минути на 200 степени.)
И на здравје!!!!