Ладно предјадење со карфиол
Состојки
- 500 гр карфиол
- 100 гр шунка
- 100 гр кашкавал
- 3 јајца
- 180 мл кисела павлака
- малку оригано
Подготовка
Овој рецепт понекогаш го јадеме и како главно јадење. За оние што го сакаат вкусот на зготвениот карфиол, ова е вистинскиот избор.
Подготовка
1. Карфиолот кој сме го раздвоиле на помали парчиња - цветчиња го обаруваме до омекнување во солена вода што врие.
2. Процедениот карфиол го ставаме во тавче кое е добро намрсено со масло.
3. Врз него фино ги распоредуваме шунката и кашкавалот кои се исечени на коцки.
4. Сето ова го прелеваме со смесата од изматени јајца и кисела павлака.
5. Јас одозгора знам да ставам и малку оригано.
6. Го печеме на 200 степени околу 15-20 минути.
Инаку иако се вика ладно предјадење, најчесто го јадеме топличко, не може да му одолееме.