Испечати

Чоколадна торта потопена во чоколадно млеко

Чоколадна торта потопена во чоколадно млеко

Состојки

  • коре (мерки се за една, а печеме 2 кори )
  • 3 јајца
  • 3 лажици брашно
  • 6 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1/2 кесичка прашак за пециво
  • 100мл млеко
  • 50мл зејтин
  • прелив за корите
  • 200мл чоколадно млеко
  • фил 1
  • 600мл слатка павлака
  • 300г чоколадо
  • фил 2
  • 200мл слатка павлака
  • чоколадна глазура
  • 100 г чоколадо
  • 3 лажици зејтин

Подготовка

Кора
- Ги мешаме сите состојки и печеме 2 кори на 180 степени околу 15 мин, изладените кори ги пресечуваме уште на половина така да добиеме 4 кори
Фил 1
- Слатката павлака и чоколадото ги топиме на ниска температура се додека не се растопи чоколадото, оставаме да се излади и со миксер мешаме да добиеме густ крем
Фил 2
- Слатката павлака ја изработуваме со миксер
филување
- Филуваме кора, фил 1, кора, фил 2, кора, фил 1, кора, фил 1
- Од горе преливаме со чоколадната глазура - топиме чоколадото со зејтин