Интегрални шпагети со тиквичка и сирење
Состојки
- 250гр. интегрални шпагети
- 1 тиквичка
- 150гр. сирење
- 2 чешниња лук
- 1/2 лажичка копар
- по потреба сол, црн бибер, масло
Подготовка
Во солена зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат.
Во тава на оган ставете масло да се загрее.
Додајте ја ренданата тиквичка и сецканото лукче.
Пржете додека тиквичката омекне, а потоа додајте го ренданото сирење и копарот.
Измешајте и на крај додадете ги сварените шпагети.
Додајте и од водата во која се вареле шпагетите, за да не ви бидат лепливи.
Наросете мелен црн бибер,измешајте и послужете.