Куглоф со чоколадо и портокал
Состојки
- За тесто
- 4 јајца
- 1,1/2 чаша шеќер
- 150 мл. зејтин
- 200 мл. сок од портокал и рендана кора од 1 портокал
- 100 гр. чоколада
- 1 пециво
- 2.1/2 чаша брашно
- Глазура
- 70 гр. чоколада за готвење
- 2-3 лажици млеко
- 2 лажици шеќер
- 50 гр. маргарин
Подготовка
Тесто
- На пареа стопете го чоколадото
- Се матат јајцата со шеќерот
- Додадете зејтинот во неколку наврти и продолжете да матите. Кога ќе се спои-додадете го сокот од портокалот, измешајте.
Додадете го брашното измешано со пецивото и ренданата кора од протокалот- измешајте. Одделете 1/3 од добиената смеса - додадете го во неа стопеното чоколадо.
- Во модлата за куглов исипете го подготвеното тесто наизменично и слободно ишарајте го како сакате вие.
- Ставете да се пече во предходно загреана рерна околу 45 минути.
Испечен и оладен залијте го со топлата глазура.
Глазура
На тивок оган стопете го чоколдото со шеќерот и млекото, на крај додадете го маргринот.
Виола.