Испечати

Посни кифлички со јаболко

Посни кифлички со јаболко

Состојки

  • тесто
  • 1кг брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 500мл зејтин
  • 250мл вода
  • фил
  • 4 јаболко
  • 150г шеќер(зависи од сортата на јаболките)
  • 1 пакетче цимет
  • 1 лажица гриз
  • за посипување
  • 100 г шеќер во прав

Подготовка

тесто
- Oд сите состојките го замесуваме тестото и го оставаме да надојде
фил
- Jаболките ги рендаме, го додаваме шеќерот, циметот и гризот
Kога е тесто стасано го расукуваме во која форма сакаме, ги полниме со филот и ги ставаме во плех и печеме на 200 степени околу 20 мин
- Ги вадиме од плех и ги увалуваме во прав шеќер
- Јас еден плех наполнив со моето домашно мармелад од киви (како за проба) и тестот е супер и за тој фил