Куглов со чоколадо и кора од портокал
Состојки
- 5 јајца
- 200 грама шеќер
- 250 грама брашно
- 200 грама рендано чоколадо
- од еден портокал рендана кора
Подготовка
1. Јајцата се матат со шеќерот.
2. Откако убаво ќе се уработат се додава рендана кора од портокал и ренданото чоколадо.
3. Се меша смесата со лажица и се додава брашното.
4. Откако ќе се хомогенизира смесата ја ставаме во куглов намачкан со маргарин.
5. Печеме на 200 степени.