Испечати

Торта Алегра

Торта Алегра

Состојки

  • кора (мерките се за една, а правиме 2 такви)
  • 2 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици зејтин
  • 5 лажици млеко
  • 2 лажици какао
  • 1 мала лажица прашок за пециво
  • 1 голема лажица мармелада
  • фил од вишњи
  • 1 тегла компот од вишњи
  • 1 пудинг шумско овошје
  • фил од чоколадо
  • 600мл млеко
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 125 г маслац или маргарин
  • 100мл слатка павлака(разматена)
  • 100 г чоколадо
  • 6 лаж. шеќер
  • декорација
  • 1 кесичка шлаг пена

Подготовка

Корите
- Ги матиме сите состојките и ги печеме во плех бр 22, двете кори ги пресечуваме на пола и добиваме 4 кори

Фил од вишњи
Вишњите од компот заедно со сокот ставаме да се варат во тенџерето, кога ќе зовријат го додавеме пудингот врел. Фил нанесуваме на двете кори и оставаме да се излади

Фил од чоколадо
- Од млекото ќе оделиме неколку лажици и матиме со пудингот, остатокот од млекото го ставаме да се вари заедно со шеќерот. Кога е млекото зовриено го додаваме пудингот и вариме неколку минути
- Во изладено додаваме маргаринот и слатката павлака(изработена)

Филуваме
Кора со фил од вишњите, кора со фил од чоколадо, кора со вишњите и од горе кора со чоколадо.
Декорација е со шлаг пена