Кифлички со сирење

Состојки
- 1 кило брашно
 - 3 јајца
 - 40 гр. квасец
 - 2 лажички сол
 - 1 лажичка шеќер
 - 250 мл млеко
 - 250 мл вода
 - 1 филџан масло
 - 250 гр. маргарин
 - 300-400 гр, сирење за филување
 - 1 јајце за премачкување
 
Подготовка
1. Квасецот заедно со една лажичка шеќер и една лажица брашно се растопува во млакото млеко и вода.
 2. Во поголем сад се истура брашното и се прави вдлабнатина, во неа се истураат маслото, јајцата, солта и стасаниот квасец.
 3. Се убаво се замесува се додека тестото не престане да се лепи за рацете. Обликувајте го и оставете 35-40 минути да стасува.
 4. Откако ќе стаса тестото, се премесува и се дели на половина.
 5. Од првото тесто се прават 6-7 топчиња. Секое расукајте го, нарендајте (намачкајте) маргарин па ставајте нова кора.
 6. Од сите кори исукајте една голема и поделете ја на 16 делови (може и на повеќе). На секој дел ставете по малку сирење и виткајте кифла.
 7. Наредете ги во подмачкан плех од шпорет намачкан со масло.
 8. Кифлињата премачкајте ги со јајце, посипете сусам и ставете мало парче маргарин врз него.
 9. Печете 7-8 минути во загреана рерна на 250 степени, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и довршете го печењето.
 10. Истата постапка направете ја и со второто тесто.