Испечати

Тестенини со брокула и сланина

Тестенини со брокула и сланина

Состојки

  • 250 гр тестенини во вид на машнички или по ваш избор
  • 600 гр брокула
  • 200 гр чадена сланина
  • по вкус сол и бибер
  • За прелив
  • 200 мл павлака за готвење
  • 200 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • по потреба путер и презла за плехот

Подготовка

Време е на брокула па еве еден предлог за едноставно и вкусно јадење.
1. Тестенините ставете ги да се сварат во посолена, зовриена вода и потоа исцедете ги.
2. Брокулата разделете ја на цветчиња и ставете ја да се свари во зовриена вода малку да омекне. Доволни се само 5 мин. Потоа исцедете ја од водата.
3. Сланината исечете ја на помали коцки и пропржете ја на малку масло да зацрвени. Додајте ги тестенините и брокулата и измешајте ги. Додајте сол и бибер по вкус.
4. Помало плехче намачкајте го со путер, посипете го со малку презла и ставете ги тестенините. Порамнете ги.
5. Јајцата и двете павлаки изматете ги со вилушка и со лажица рамномерно ставете ги над тестенините.
6. Ставете ги да се потпечат во загреана рерна на 200 степени околу 25 мин.
7. Послужете ги топли со салата по желба.