Испечати

Ружа лепче

Ружа лепче

Состојки

  • 2 чаши брашно (чаша од 200мл.)
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1/2 коцка квасец
  • 100мл. млако млеко
  • за премачкување маргарин

Подготовка

Не е нешто посебен рецептов, состојки кои секогаш ги имаме на располагање, но ете чисто како идеја плус кога подготвуваме домашен леб.
1. Брашното, солта и шеќерот ставете ги во еден подлабок сад. Квасецот растворете го млакото млеко, ставете кај брашното и замесете меко нелепливо тесто (месете околу 10тина мин.) Потоа оставете го на страна покриено за да стасува, барем 1час односно додека не се дуплира.
2. Кога тесто е стасано префрлете го на работната маса и само малку премесето го. Потоа со сукало развлечето потенка кора, премачкајте со омекнат маргарин, па свиткајте како ролат. Сечете парчиња по желба и наредете ги во округли калап. Оставете околу 30тина мин да стаса па ставете да се пече во загреана рерна.
Парчињата се од околу 4см, а печев во калапче од 16см ... сакав да добијам повисока форма.

Добар апетит =)