Испечати

Халовен - прсти со пудинг

Халовен - прсти со пудинг

Состојки

  • Тесто
  • 280гр брашно
  • 1 јајце
  • 100гр маргарин
  • 100гр шеќер
  • 1 пециво
  • 1 пудинг од ванила

Подготовка

Најпрво се замесува тестото и се формираат мали топчиња. Oд секое топче се прави долго сукалце колку еден прст се пристиска кај што треба да е ноктот и се става еден бадем. Потоа со Чепкалка се засекуваат прстите околу глуждовите.

Се печат на тивко на 180степени 15мин. Кога ќе оладат ноктите се премачкуваат со чоколадо и готовите прсти се сервираат во пудинг прелиен со сок од вишна.
Ете еден десерт кој дома децата со воодушевување го пробаа. Заедно ги направивме по повод денот на вештерките.