Испечати

Чоко Кубети

Чоко Кубети

Состојки

  • За кубети
  • 200гр. шеќер
  • 100гр. чоколада
  • 100гр. путер
  • 2 јајца
  • 20гр. мелени бадеми
  • 30гр. мелени ореви
  • 150гр. бисквити
  • За прелив
  • 100гр. чоколада
  • 2 лажици масло

Подготовка

Изматете ги јајцата со шеќерот, па ставете да се варатна пареа. Ќе знаете дека се добро сварени кога мешалката ќе ја повлечете по дното на тенџерето и по неа ќе остане трага. Кога смесата ќе биде готова, додадете го путерот и мешајте додека не се растопи. Тргнете го тенџерето од оган, додадете го мелените бисквити, бадеми, ореви и изренданата чоколада. Добро промешајте и префрлете ја смесата во калап со големина 10+25см или приближно. Откако смесата ќе се излади исечете на кубети 25мм+25мм, потоа прелијте ги со чоколадниот прелив кој претходно сте го растопиле со маслото. Украсете по желба.
Добар апетит.