Шницли со сос од праз
Состојки
- 4 свински шницли
- 2 лажички сенф
- по потреба мешан сув зачин и црн бибер
- Сос
- 1 помал страк праз
- 150мл. неутрална павлака за готвење
- 1 сува пиперка
- по потреба сол, масло,вода
- И уште
- 200гр. свежи шампињони
Подготовка
Премачкајте ги шницлите со сенф, посипете со мешан сув зачин и црн бибер и ставете ги да се пржат во малку масло.
Откако ќе бидат скоро готови додајте ги исецканите шампињони.
Во друга тава ставете малку масло и додајте ги сецканиот праз и сецканата сува пиперка.
Посолете и оставете да се запржи, а потоа додавајте постепено вода додека празот убаво омекне.
Испржениот праз префрлете го во блендер, додајте ја павлаката и убаво изблендирајте.
Во чинија за сервирање ставете ги шницлите, премачкајте ги со сосот и ставете од пропржените печурки.
Послужете ги со свежа или компир салата.