Сок од тиква
Состојки
- 3 кгр. исчистена тиква
- 4,5 л. вода
- 400 гр. шеќер
- 2-3 лимона или 3-4 лимонтуси
- 2 кесички прашак сок од кајсија или ананас или екстрати
Подготовка
Тиквата сварете исечете ја на помали парчиња, сварете во 2,5 л. вода и оставете да се излади.
Посебно сварете го остатокот од водата со шеќерот, оладете, додајте го сокот од лимон.
Тиквата испасирајте ја со блендер и додајте во шеќерната вода со лимонот. Додадете и прашаците за сок или екстратите, измешајте, наполнети ги шишињата, затворете и ставете во вода да се пастеризираат.
Пријатно!