Највкусни брзи кифли
Состојки
- 1 кг и 200 г брашно
- 1 (25гр) квасец
- 1 филџан (80мл) масло за јадење
- 1 голема лажица сол
- 1 голема лажица шеќер
- 1 јајце
- 1 коцка (250гр) маргарин
- 600г вода
- 1 филџан млеко
Подготовка
Се замесува тесто т.е се мешаат брашното, квасецот, сол, шеќер, масло, вода и млеко.
Се остава да стаса и потоа се прават топчиња.
Од нив се сукаат мали корички кои се премачкуваат со маргарин и се виткаат, но претходно се засекуваат од пола надоле, се сечат до крај.
Се премачкуваат со јајце се става сусам, ким врз нив (по желба) и се ставаат да се печат 24 минути на 210 степени. Претходно може да се наполнат со сирење по желба.