Тиква со сушени плодови
Состојки
- 1 кгр. тиква Мускат
- на вкус и по потреба шеќер
- 200 гр. мешавина од суво овошје
Подготовка
Прекрасна мешавина за супер десертче...
- Се лупи тиквата, се сече на во големина и форма како што вие ќе се изберете, се реди во сад, а меѓу парчињата тиква се става и од сувото овошје. Оставете на тивко да се вари. Сервирајте додавајки мед, цимет, ореви...., мешавината зачини за тиква (каранфилче мелено, ѓумбир, морско оревче, цимет)
Напомена
Јас некогаш ја варам на пареа, некогаш во касеролата. Доколку не е блага тиквата слободно додадете било кафен или бел шеќер. За ваквиот десерт користам исклучиво Мускатна тиква.