Посни банана палачинки
Состојки
- 1 зрела банана
- 15 лажици брашно
- 350гр минерална вода
- 1/8 лажичка пециво
- 1/8 лажичка сол
- 1/8 лажичка мед
- 1/2 лажичка масло
Подготовка
Палачинкиве обично ги правам за посно благо кога ни се јади оти се убави со мед и оревчиња и мармалад.
Смесата се меша со рачна мешалка, се остава да отстои 30мин.после настрана се гмечи добро бананата и се додава на смесата и се меша добро.
На тавче за палачинки се премачкува малку масло со салфетче, се става по 1 кутлача лајца за супа и се печат палачинките од двете страни. Малку се разликуваат во бојата од обичните оти се нијанса потемни ама и благички, па се прават како за благичко.