Домашна паштета од туна
Состојки
- 3 варени јајца
- 110гр. туна од конзерва(во парчиња)
- 8 инчуни
- 20гр. капари
- 3 гранчиња магдонос
- по потреба црн бибер
Подготовка
Јајцата исечете ги на крупни парчиња и ставете ги во блендер.
Додајте ги парчињата туна заедно со маслото, инчуните, капарите и магдоносот.
Наросете малку црн бибер и убаво изблендирајте.
За многу кратко време ќе имате вкусна здрава домашна паштета.