Едноставен пченкарен леб
Состојки
- 250 г пченкарно брашно
- 250г пченично брашно
- 1 кесичка сув квасец
- 1/2 кесичка прашак за пециво
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 400мл вода
Подготовка
Едноставна и брза постапка за пченкарен леб.
Во длабок сад ги исмешуваме сите суви состојки, со топла вода замесуваме тестото и го оставаме да одстои во плехот во кој што ќе се пече, 1 час или колку што е потребано за убаво да нарасне.
Кога убаво ќе нарасне, посипуваме со планета и ставаме да се пече околу 30 мин на 180 степени во загреана рерна.