Таљатели со пиперка и ракчиња
Состојки
- 200 гр таљатели
- 250 гр ракчиња
- 1 голема месната црвена пеперка
- 1/2 мала главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2-3 лажици магдонос
- 50 мл бело вино
- 250 мл вода
- 5-6 лажици маслиново масло
- по потреба сол и бибер
- 200 мл павлака за готвење
Подготовка
Пиперката исчистете ја од семето и исечете ја на резанки. Кромидот и лукчето ситно исецкајте ги и сите заедно пропржете ги на маслиновото масло 2-3 минути малку да омекнат. Потоа додајте ги ракчињата, виното и водата. Додајте сол и бибер по вкус.
Оставете ги да варат 10-15 минути на среден оган додека течноста испари. При крај на варењето додајте го и магдоносот.
Во меѓувреме ставете ги да се сварат таљателите во зовриена посолена вода. Потоа исцедете ги и додајте ги во ракчината. Додајте ја павлаката, измешајте ги и послужете ги.