Посен колач со афион
Состојки
- 2 филџани (200мл) шеќер
- 4 филџани брашно
- 100гр афионово семе
- 100гр суво грозје
- 1 филџан џем од кајсии
- 2 филџани вода
- 1 пециво
- 1/2 лажичка каранфилче мелено
Подготовка
Сувите состојки (брашното, шеќерот, афионот, сувото грозје и пецивото) убаво се мешаат во подлабок сад. Се додава водата и џемот и убаво се меша смесата да се соедини. Смесата е погуста и на крај му се додава карафилчето мелено, па се пече околу 30 минути на 180 степени.
Колачот е многу вкусен и одличен за постот.