Испечати

Солен колач со пиперки и сирење

Солен колач со пиперки и сирење

Состојки

  • 350 гр печени, лупени и сецкани црвени пиперки
  • 150 гр сецкано јако сирење
  • 100 гр сецкана шунка, печеница или свински врат
  • 3 средни јајца
  • 200 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 260 гр брашно
  • 10 гр прашак за пециво
  • 1/3 мало лажиче сода
  • 1/2 лажиче сол

Подготовка

Јајцата, млекото и маслото изматете ги со жица да се изедначат. Потоа додајте ги пиперките, сирењето и шунката и измешајте. На крај додајте го брашното измешано со пецивото и содата. Додајте ја солта и измешајте со лажица да се изедначат. Смесата истурете ја во калап (30х11) намачкан со путер и посипан со брашно.
Печете го во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 мин.
Готовиот колач покриен со фолија оставете го во калапот неколку минути да се лади потоа извадете го и оставете го да до излади.
Послужете го со јогурт или павлака.