Испечати

Фахитас на два начини

Фахитас на два начини

Состојки

  • 1 пакетче тортиљи
  • 2 пилешки стекови
  • 500 грама мелено месо
  • 1 главица марула
  • 1 кромид, пржен
  • 3-4 пиперки, пржени
  • 3-4 домати, сечкани
  • 5-6 печурки, пржени
  • 5-6 компири, пржени
  • 200 милилитри павлака измешана со лук во прав

Подготовка

Прво, исечете ги испржете ги додатоците. Пилешките гради испржете ги и сечкајте ги на помали парчиња. Меленото месо испржете го со зачини по желба. Почнете да ги редите фахитасите - на секоја тортиља ставете малку павлака, лист марула, парчиња домат, пиперки, кромид, печурки, компири и месо, по желба. Јас ги правев 4 со мелено месо, а 4 со пилешко филе. Завиткајте и уживајте.