Испечати

Обланда ролат со суво и јаткасто овошје

Обланда ролат со суво и јаткасто овошје

Состојки

  • 2 листа обланда
  • 150гр. суво грозје
  • 150гр. суви смокви
  • 100гр. сецкани ореви
  • 50гр. сецкани бадеми
  • 50гр. мешано дехидрирано тропско овошје
  • 1/4 маргарин
  • 2 јајца
  • 200гр. чоколадо за готвење (мин.70% какао)
  • 150гр. шеќер

Подготовка

Најпрвин пенесто изматете ги јајцата и шеќерот.
Во тенџере на оган ставете го маргаринот да се топи, а потоа додајте ги изматените јајца и чоколадото.
Мешајте континуирано додека чоколадото убаво се растопи.
Тргнете го тенџерето од оган и додајте ги сувото грозје, сецканите смокви, ореви, бадеми и дехидрираното овошје.
Убаво со мешање соединете ја смесата.
Врз секој лист обланда (претходно ставени во влажна крпа) нанесете од филот и замотајте во ролат.
Ролованите обланди замотајте ги во најлонска фолија и ставете ги во замрзнувач да се стегнат.
По потреба вадете и сечете.