Свинско со летен сос
Состојки
- 500 гр свинско месо
- 1 пиперка
- 2 главици кромид
- 1 -2 домати
- 1дл масло
- 1 филџан топла вода
Подготовка
Свинското месо се сече на поситни парчиња. Се пропржува на маслото се додава ситно сецкана пиперката и кромидот. Доматите се рендаат или се блендираат во блендер.Се додаваат во месото. Се динста додека испари течноста од доматите. Се додава зачин, сол ,црвен пипер по вкус.Се пропржува, се налева 1 филџан топла вода и се динста уште 5-10 минути.