Ајвар од везени пиперки и модри патлиџани
Состојки
- 9 кг благи везени пиперки
- 1кг лути везени пиперки
- 30 модри домати помали или 20 поголеми
- 3 л масло, сол по вкус
Подготовка
Пиперките се чистат од семките, се редат во тепсија, се покриваат со алуминиумска фолија и се печат во рерна околу 15 минути колку да омекнат.
За дозата треба на три пати.
Модрите домати се печат, се лупат, потоа се мелат пиперките и модрите домати и се пржи смесата. Најпрво се става во тенџерето половина литар масло и се пржи смесата. Маслото се додава постепено повеќе пати по малку. Се пржи околу 1 и 45 минути. Пред да се извади се става сол по вкус