Ликер од кокос со кокосово млеко
Состојки
- 100 гр кокос
- 350 мл ракија
- 2 пак. ванилин шеќер
- 350 гр шеќер
- 200 мл млеко
- 300 мл кокосово млеко
Подготовка
Полејте го кокосот со ракијата. Најдобро е тоа да го направите во некој сад кој е на затворање или во тегла. Оставете го 2 дена, па потоа долејте го млекото и смесата префрлете ја во газа. Низ газата добро исцедете ја течноста. Кокосот не го фрлајте. За кратко време оставете го да се исуши и употребете го за некој десерт. Во садот во кој сте ја исцедиле тецноста сега додадете ги и останатите состојки и со повремено промешување оставете да одстои додека се растопи шеќерот. Потоа соберете го во шише и наздравете =)
Ликерот чувајте го во фрижидер.
Забелешка
Доколку немате кокосово млеко, направете го само со млеко, но добро би било ако најдите арома екстракт на кокос исто така да додадете во него за поголем ефект, иако и вака сигурна сум дека ќе се осеќа вкусот на веќе процедениот кокос.