Испечати

Сендвич со туна

Сендвич со туна

Состојки

  • 80 гр туна
  • 1 варено јајце
  • 2 лажици капари
  • 2 лепчиња или леб за тост

Подготовка

Еве една идеа за сендвич кој почесто го јадат моите деца. Количината на состојки е за две средни лепчиња од по 70 гр, но зависно од потребата можат да се зголемат.
Лепчињата исечете ги на половина. На двете половинки ставите по половина од туната,по една лажица капари и по половина јајце исечено на плочки. Поклопете ги со другите половинки од лебот и спремни се за јадење.