Тортиља ролнички
Состојки
- 2 тортиљи (со пречник 30 цм )
- За фил
- 200 гр крем сирење
- 1 лажичка сушен магдонос
- 1/2 лажичка бибер
- по вкус сол
- 1/2 лажичка лук во прав
- 1/2 лажичка кромид во прав
- 1/4 лажичка мајчина душица
- И уште
- 1 младо кромидче
- 1 црвена пиперка, сецкана на коцки
- 1 страк бел целер, сецкан на коцки
- 6 сецкани маслинки
- 50 гр рендан кашкавал
Подготовка
Јас имам голем син кој веке не носи ужинка во школо, ама кога оди на излет или патува некаде, па треба да носи храна, ова се прави обврзно наместо сендвич.....
Многу е згодно и да се направи однапред и да се исече на парчина како додаток на послужување за гости.
Во еден мал сад разматете го со вилушка крем сирењето, додајте ги зачините и измешајте. Поделете го меѓу тортиљите и размачкајте го по цела површина. Одозгора распоредете ги пиперката, целерот, младото кромидче, маслинките и ренданиот кашкавал.
Замотајте цврст ролат и завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер барем 2 часа, а може и преку ноќ.
Ако треба да е сендвич, само ставете го во ранчето со салфетки, сокче, грицки, чоколадчиња..... А за послужување на гости исечете го на коси кругови и сервирајте по ваша желба.
Се разбира, рецептот е варијабилен, зачините и зеленчукот ги додавате и одземате по ваша желба.
Толку.....