Проја со павлака и оризово брашно
Состојки
- 3 јајца
- 1 чаша кисела павлака
- 1 чаша кисела вода
- 2 чаши оризово брашно
- 3 чаши пченкарно брашно(мелено на воденица по можност)
- 1 пециво
- 1/2китка магдонос
- 1 чаша сирење
- 1 чаша салама
- 2 лажици афион
- 2 лажици сончоглед
- 1/2 чаша масло за јадење
- 50гр маргарин
Подготовка
Јајцата се матат со маслото и една лажичка сол. Кон нив се додава водата и киселата павлака и убаво се промешува да се изедначи.
2 вида на брашно се мешаат заедно со пецивото и се додаваат кон јајцата. Се додава и сирењето, саламата, афионот и сончогледот и убаво со лажица се соединува целата смеса. На крај се става и магдоносот и смесата се сипе во намастен плех, па се пече во рерна на 200степени околу 15-20 минути.
Од како е печена се ваѓа од рерна и се премачкува со маргаринот, па пак се враќа во исклучена рерна околу 5 минути.
Се служи со чаша јогурт и одлична е и за појадок и за вечера.
Пченкарното брашно е убаво ако е мелено на воденица затоа што така било поубаво и поквалитетно и не нагорчува од како ќе одстои.
Пројата е мека и од како ќе одстои и тоа благодарение на павлаката.
Чашата е од 200мл