Испечати

Сирови банана палачинки

Сирови банана палачинки

Состојки

  • за тесто (иако нема тесто)
  • 4 големи убаво исферментирани банани
  • 1 лимон
  • фил
  • по желба мед
  • по желба таан

Подготовка

Рецепт за сите љубители на здрава храна, која може да биде вкусен десерт или ужинка за вашите најмили.
Палачинки полни витамини....
Бананите со сокот од лимон се блендираат до убава паста.
Пастата ја ставате на плех обложен со хартија и убаво ја распоредувате. Ја ставате во рерна на ниска температура (јас ја подготвував на 60Ц) неколку саати (околу 5) убаво да се исуши пастата да се оделува од хартијата. (можете да користите и повисока температура мах 100С и пократко време - но идејата е што е можно повеќе да ги задржите витамините).
Откако пастата ќе се исуши се оделува од хартијата и се премачкува со предхнодно подготвена смеса од таан и мед (во сооднос 1 спрема 2). Ако сакате поблаго додадете повеќе мед. Ја виткате во ролна како палачинка и ја сечите на парчиња. Јас од оваа смеса добив 3 парчиња во димензија како стандардна палачинка.

П.С Можете да користите и друг фил Нутела или растопена алва....