Испечати

16 Кроасани

16 Кроасани

Состојки

  • Тесто
  • 600гр брашно
  • 350мл млако млеко
  • 4 лажици масло
  • 1/2 пециво
  • 1 сув квасец
  • 1 јајце
  • 1 ванила
  • 200гр маргарин (за премачкување)

Подготовка

Се замесува тестото од сите состојки. Се остава малку да надојде тестото и се дели на 8 дела. Секој дел се сучи кора колку тацна и се става маргарин. Така се прави со сите кори.
Се ставаат една врз друга и се сучи една голема кора која се сечи на 16 дела.

На секој дел се става лајче мармелад и се завиткува во кифла. Се ставаат во плех и се оставаат да надојдат. Се печат 40мин на 200степени.
Се увалуваат во прав шекер.

На здравје!