Испечати

Посни мафини

Посни мафини

Состојки

  • 1 филџан масло
  • 2 филџани вода
  • 2 филџани шеќер
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажички какао
  • 1 ванила
  • 3 лажички мармалад (некој по красат, јас користев од слива)
  • 3 филџани брашно
  • 50-100 г јаткасто овошје (колку имате какво имате, јас користев орев)
  • по потреба мармалад за премачкување
  • 100г посно чоколадо
  • малку маргарин

Подготовка

Рецепт за десерт кој набрзинка можете да го спремите кога ќе ви се најават гости за кафе, а во моментот немате многу време, ниту доволно јајца во фрижидерот.

Во вангла ја ставате водата, шеќерот, маслото, какаото, мармаладот,  јаткастото овошје (можете место јаткасто овошје да ставите вишни само ги ставате на крајот откако смесата ќе ја сипите во калапите за мафини), циметот, пецивото, ванилата и содата и на крај го сипате брашното и убаво мешате за да не ви останат грутки. Калапите ги премачкувате со маргарин и ги побрашнувате. Ја турате смесата во калапите и печите во загреана рерна на 200С.
Откако ќе се испечат мафините и малку подоладат ги вадите од калапчињата и со прстот им правите дупка на средината ги премачкувате со мармалад и ги брцката во растопено посно чоколадо (чоколадо со малку маргарин го топите во микро).
П.С. Мерите со ист филџан.