Бонжита Кларита
Состојки
- 35 гр сусам
- 110 гр маргарин
- 100 гр бело чоколадо
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици мед
- 100 гр таан алва
- 100 гр крупно мелени кикиритки
- 130 гр житарки (од кои 1/3 корнфлекс и 2/3 ситни кафеави житарки, како на пример чоко попс и сл)
Подготовка
Уште еден мој авторски рецепт кој случајно беше осмислен за потребата на изложбата на храна, под мотото Храна без месо во рамките на Бит Фест, за кој со задоволство нескромно ќе кажам дека сите кои го пробаа го бендисаа =)
Во суво тенџере на умерен оган малку пропечете го сусамот. Потоа додадете го маргаринот, белото чоколладо, шеќерот и медот. Оставете да се стопат, па додадете ја и алвата ситно исецкана, промешајте и тргнете го тенџерето од оган и додадете ги кикирите. Корнфлексот благо издробете/искршете го преку најлонче со раце и на крај додадете го и него со житарките. Се убаво измешајте. Обложете калап (20х30) со пек хартија или дебел целофан и распоредете ја рамномерно смесата со помош на навлажнети раце.
Оставете на ладно место да се здрви, па со остар нож исечете на штангли.
На крај ви останува само да уживате во вкусот ; )