Испечати

Посна пица со соја трошки

Посна пица со соја трошки

Состојки

  • Тесто
  • 400гр. брашно
  • 1/2 коцка квасец
  • 1 лажичка сол
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • по потреба топла вода
  • Други состојки
  • 300гр. соја трошки
  • 6 лажици доматна салса
  • 350гр. растителен кашкавал
  • 400гр. свежи шампињони
  • по потреба маслиново масло, оригано

Подготовка

Од состојките за тесто замесете меко не лепливо тесто.
Оставете го да стаса, а потоа поделете го на 2 топчиња.
Од секое топче со раце развлечете пица.
Премачкајте ги со доматна салса, наредете го кашкавалот, соја трошките (претходно потопени со топла вода и исцедени), печурките.
Попрскајте ги со маслиново масло и малку оригано и печете на загреана рерна од 200 степени, 20 минути.