Виткалник под сач
Состојки
- 500гр. брашно
- 1/2 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 1/2 филџан масло
- по потреба млака вода
- Фил
- 400гр. урда
- 2 јајца
Подготовка
Од состојките за тесто замесете средно меко тесто.
Поделете го тестото на 5 топчиња, а потоа секое топче расукајте го во мала кора.
Премачкајте ги корите со масло и оставете ги да отстојат 20 минути.
На чаршав ставете една кора и развлечете ја со раце, попрскајте ја со масло и нанесете од филот.
Со помош на чаршавот свиткајте ја кората во вид на ролат, а потоа кружно свиткајте ја.
Повторете ја постапката со сите кори.
Виткалникот попрскајте го со масло и ставете го под загреан сач да се пече.
Послужете го со кисело млеко или јогурт.