Испечати

Солени мафини со салама, кашкавал и зеленчук

Солени мафини со салама, кашкавал и зеленчук

Состојки

  • 3 јајца
  • 200 милилитри јогурт
  • 100 милилитри масло
  • 230 грама брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажиче сол
  • 70 грама салама
  • 70 грама кашкавал
  • 1 морков
  • 50 грама грашок

Подготовка

Саламата и кашкавалот се сечкаат на ситни коцки. Морковот и грашакот се варат (може да се користи и замрзната мешавина) и морковот се сече на коцки.
Јајцата се матат па се додаваат останатите состојки. На крај го ставаме брашното со саламата, кашкавалот и зеленчукот и уште малку матиме.
Истураме во калап за мафини подмачкан со маргарин.
Печеме на 180 степени 20 минути.