Домашен кечап
Состојки
- 6 кг. патлиџани
- 20 црвени пиперки
- 1 китка магдонос
- 1 китка целер
- 1 главица лук
- 3 главици кромид
- 200 гр шеќер
- 200 гр масло
- 200 гр вода
- 1 лажица сенф
Подготовка
Ова е рецепт за нај омилениот сос - кечап.
Секоја есен се подготвува во мојот дом.
Лесен за подготовка, а можете да го употребите како додаток во многу јадења.
Во длабока шерпа ги дробиме на крупни парчиња сите горе наведени состојки.
Кромидот и лукот се додаваат не лупени, само расечени на делови.
Добро исецканиот зеленчук, се остава да се вари на тивок оган.
Кога е омекнат зеленчукот се трга шерпата од огнот и се остава да излади малку, за да може да се помине низ преса или машинче за мелење.
Пасираниот зеленчук се враќа назад на оган и му се додаваат шеќерот солта, маслото и водата.
Се остава да поврие околу 30 минути и се трга од оганот.
Му се додава сенфот, добро се промешува.
Така жешка смесата се собира во мали шишенца.
Добро се затвара и се вријат шишенцата.
Овој таканаречен домашен кечап, користете го како додаток во тестенини, како додаток на чорби...користете го како мезенце со ракија....
Прекрасен вкус има...пробајте...
На здравје