Испечати

Торта Шери Ванила

Торта Шери Ванила

Состојки

  • За кората
  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици топла вода
  • 4 рамни лажици брашно + 3 рамно полни лажици какао
  • 2 лажички цимет
  • 60 гр. мелени печени лешници или бадеми
  • 2 рамно полни лажички пециво
  • Фил од вишни
  • 300 мл. вода
  • 8 лажици мед или шеќер
  • 2 кеси пудинг со вкус на малина
  • 300 гр. вишни
  • Крем од ванила
  • 600 мл млеко
  • 9 лажици мед или шеќер
  • 60 гр. пудинг со вкус на ванила
  • 2 кеси бурбон ванила шеќер
  • 600 гр. кисела павлака
  • 1 гр. арома на Путер ванила (малите ампули)
  • 10 гр. желатин
  • Глазура
  • погледнете рецептот од огледало глазурата
  • Обвивка
  • 1 трака чоколаден пресликувач
  • по потреба чоколада

Подготовка

Прилагоден рецепт од Капри колачот + Шери колачот од Хати = на мојата роденденска торта која воедно е и 300-от рецепт. Многу лесна за припрема иако гледано текстуално не изгледа така.

КОРА
- Со миксер изматете ги јајцата додавајки притоа шеќерот. Во добиената смеса додадете водата, брашното во кое веќе сте измешале пецивото, по што ќе ги додадете измешаните лешници со какаото и циметот. Излијте во модла бр.24, печете на 200 степени околу 10 минути. Извадете од рерната и оставете да се лади додека го спремате филот од вишните.

ФИЛ ОД ВИШНИ
- Водата со медот или шеќерот ставете да зоврие.
- Вишните изблендирајте ги да добиете кашеста смеса
- Во малку ладна вода растворете го пуднигот во хомогена смеса без грутчиња.
- Тенџерето со водата која врие за кратко тргнете од огнот, намалете ја температурата на ринглата, во тенок млаз истурете го растворениот пудинг - измешајте и вратете повторно на огнот, варете околу 5 мин. на тивок оган. Треба да добиете леплива смеса. Тргнете од огнот и додадете ги изблендираните вишни - енергично измешајте. Веднаш со овој фил премачкајте ја кората. Оставете да се лади, продолжувате со припремата на Ванила кремот.

ВАНИЛ КРЕМ
- Од млекото издвојте околу 150 мл. млеко во кое ќе го растворите пудингот.
- Останатото млеко ставете во тенџере, додајте ја бурбон ванила шекерот, медот или шекер (зависи со што сте избрале да го спремите), ставете да зоврие. Варете околу 5 мин. на тивко за цело време мешајки го со лажица. Кога е сварен додадете во него киселата павлака и со миксерот целото тоа уработувајте го да се измешат, додадете аромата на ванилата и 10 гр. спремен желатинот спрема упатството. Веднаш налијте врз филот од малини, оставете да се целото тоа олади и зацврсти. Откако веќе е се спремано, глазирајте спрема рецептот од Огледало глазурата спремете и полијте спрема упатството, треба да е доволно оладена за да може да се налива. Нека се вцврсти.

ПРЕСЛИКАЧ
Стопете ја чоколадата, да не е топла- но ниту оладена, налијте на траката која сте ја оформиле според ваша желба, сочекајте да олади, но доволно да можете да ја подигнете и залепите околу тортата, оставете да се скроз зацврсти-одлепете. Можете да кроите како ви е желба и да налевате стопена чоколада, тоа си зависи од самите вас.

Забелешка
- Откако ја испеков кората ја ставив на чинијата во која ќе стои, нго поставив обрачот (прстен), ја поставив кората внатре и потоа редоследно ги налевав филот, кремот и глазурата. Откако целото тоа се зацврсти, го одкопчав прстенот и го поставив пресликувачот.
- Пресликачот веке спремен, доволно зацврстен, но и да дозвли да го замотам околу тортата ја оставив да одстои така преку ноќ, наредниот ден ја одлепив траката и тортата веќе готова.