Испечати

Сочни котлети

Сочни котлети

Состојки

  • 1,1/5 кг мешано мелено месо
  • 2 мали тиквички
  • 1 главица крмид
  • 1 морков
  • 4 чешчиња лук
  • 3 јајца
  • по потреба сол и бибер
  • по потреба брашно за валкање

Подготовка

Тиквичките, морковот, кромидот и лукот ги рендаме најситно што можеме или во апарат за сецкање смесата да биде речиси пире.
Зеленчукот го истискуваме од течноста и додаваме кај меленото месо ги додаваме и јајцата зачинуваме и ја мешаме смесата да соедини. Со влажна рака ги оформуваме и валкаме во брашно. Ги пржиме во врело масло прво на појако додека да фатат коричка, а потоа на намалуваме.