Испечати

Брз несквик-мока колач

Брз несквик-мока колач

Состојки

  • за тестото (единица мерка јогурт чаша 200мл)
  • 2 цели јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 3/4 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 1 кесичка 10гр) печиво
  • 1чаша јогурт
  • за кафеавиот дел..
  • 3 лажици варено црно кафе
  • 2 лажици несквик

Подготовка

Јајцата заедно со шеќерот се бијат, се додава јогуртот, маслото, брашното печивото па смесата се дели на два дела. Во едниот дел додаваме кафе и несквик. Подмачкан калап (30*25 см.) со масло и брашно ни е потребен за оваа доза. Се излива смесата наизменично црна и бела, се става да се печи во загреана рерна на 175. за 30-35 мин. Кога се излади се посипува со шеќер во прав.