Испечати

Пченкарни кифли

Пченкарни кифли

Состојки

  • 150 гр пченкарно брашно
  • 350 гр бело брашно
  • 100 мл павлака
  • 2 јајца
  • 10 лажици масло
  • 8 лажици млеко
  • 2 пецилен прашок
  • 200 гр сирење
  • 1 лажиче сол

Подготовка

Сите состојки се ставаат во здела и се добро се меси. Откако ќе се замеси тестото поделете го на две топки и со сукало расукајте поголема кора. Исечете ја на 8 парчиња и секоја кифла филувајте ја по желба со сирење или шунка. Завиткајте и наредете во плех со хартија за печење. Одозгора намачкајте со разматена жолчка ставете парче маргарин и оставете 10 мин да одстојат. Печете на 200 С додека на заруменат.