Испечати

Непечени ледени коцки - без маргарин

Непечени ледени коцки - без маргарин

Состојки

  • 48 правоаголни бисквити
  • 1,200 мл. млеко
  • 12 лажици шеќер
  • 10 полни лажици густин
  • 100 мл. сварено кафе
  • 100 гр. чоколада за готвење
  • 3 лажици масло

Подготовка

Карамелизирајте го шеќерот на среден оган, пазете да не ви изгори. Откако шеќерот се карамелизирал, додајте 1 литар млеко и внимавајте да не се изгорите бидејќи прска. Оставете да се растопи карамелот.
Привремено мешајте. Додека шеќерот и млекото се спојат измешајте го густинот со останатите 200 мл. млеко.
Кога млекото ќе почне да зоврива истурете ја размешаната смеса и мешајте додека се добие густа крема. Тргнете од оган и оставете настрана. На плехче 20х30 см. наредете 4х4 бисквити натопени со кафе (малку потопувајте ги).
Ставете 1/2 од топлиот крем и израмнете. Наредете уште 4х4 бисквити, истурете ја преостаната крема.
Наредете ги останатите бисквити потопени во кафе. Над бисквитите полејте чоколадна глазура.
Ставете ги коцките во фрижидер 2-3 часа, исечете по линиите на бисквитите и послужете.

ЗАБЕЛЕШКИ
Може да правите со каков било пудинг, јас `експериментирав` со карамел, ама веројатно требаше уште малку да го изгорам шеќерот, па дојде посветол.
Може со 3 пачетчиња купен прашок за пудинг.
Бисквитите може да ги намакувате во сок, чај, млеко, др...
Одозгора може да ставите шлаг, но пред служење.
Најдобро да ги правите одвечер за убаво да се стегнат.
Ако ги замрзнете,слични се на сладолед. =)