Кокосови гасеници
Состојки
- 200 гр кокос
- 500 гр брашно
- 1 маргарин ( 250 гр )
- 1 ванила
- 1 пециво
- 2 јајца
- 7 лажици шеќер
Подготовка
1. Најпрвин се замесуваат маргаринот и јајцата. Потоа се додаваат останатите состојки. Убаво се меси и се остава да постои 30 минути.
2. Јас овие слатки ги правев со едно калапче слично на тоа за правење тулумби, само што на ова едната страна му е рамна.
3. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Печиме на 180 степени 10 минути.
4. Оставаме да се малку да се изладат и ги валкаме во шеќер во прав.