Скуша на скара
Состојки
- 3 парчиња скуша
- 1 лимон
- по потреба масло, сол
Подготовка
Рибата исчистете ја, засечете ја на неколку места од двете страни и посолете ја.
Оставете ја да отстои за да се впие солта.
На загреана скара посипете малку масло и ставете ја рибата.
Повремено прскајте ја рибата со масло и сок од лимон.
Испечената риба послужете ја со свежа салата и бело вино.